Легендарниот српски тренер, актуелен менаџер на Болоња, Синиша Михајловиќ кон средината на минатиот месец објави дека боледува од акутна леукемија, по што го започна лекувањето со хемотерапија.

Речиси еден месец подоцна пристигнуваат првите охрабрувачки информации за неговата состојба.

Драгиша Биниќ, некогашниот соиграч на Синиша од Црвена звезда, за „Спортски журнал“ открива во каква состојба е Михајловиќ.

Миха ја помина првата хемотерапија, јуначки. Добро е, се е подобро. Секојдневно се слушам со помошник тренерот на Болоња за да не го оптоварувам Синиша. Активен е и со помош на Танјг преку телефон ги води тренинзите. Навистина е чудо.“ – вели Биниќ.

И претседателот на Болоња неодамна изјави дека Михајловиќ се чувствува подобро, додека тој неодамна од болница „грмел“ преку телефон по поразот на својот тим.