Претседателот на Германската фудбалска асоцијација (ДФБ), Фриц Келер, поднесе оставка откако спореди еден од неговите потпретседатели со нацистичкиот судија Роланд Фрајслер.

Келер, кој го презеде раководството на ДФБ во септември 2019 година со ветување дека ќе ја реформира таа организација погодена од скандалот со нередовната плата, ја направи оваа споредба со неговиот потпретседател, Рајнер Кох.

„Како што е најавено, јас се повлекувам од функцијата претседател поради потребата од нов почеток“, рече Келер во изјавата.

Тој минатата недела објави дека ќе се повлече од функцијата претседател по сослушувањето пред Спортскиот суд во ДФБ.

Келер исто така рече дека неговата оставка нема да ги реши постојните проблеми на ДФБ и итната потреба за промена, бидејќи тој самиот, кога беше претседател, наиде на „отпор и sидови“ во обидите за реформа на организација со повеќе од седум милиони регистрирани членови .

“ДФБ треба да се промени. Треба да го врати кредибилитетот, довербата во интегритетот и перформансите”, додаде тој. „Промените мора да бидат важен и неопходен дел од краткорочната агенда на ДФБ.

Заминува и генералниот секретар на ДФБ, Фридрих Куртиус, со кого Келер се бореше за контрола во рамките на ДФБ, а Кох останува како привремен претседател.

Келер е четврти последователен претседател на ДФБ погоден од скандалот, а неговиот претходник Рајнхард Гриндел мораше да поднесе оставка во 2019 година затоа што доби подарок луксузен часовник од украински бизнисмен. Претходниците на Гриндел, Волфганг Нирсбах и Тео Цванзигер, беа предмет на истрага и беа обвинети во Швајцарија за плаќања поврзани со домаќинот на СП 2006 во Германија.

Германија и ДФБ се домаќини на Европското првенство во 2024 година.