Изаир Емини, играч на ФК Дрита од Косово и поранешен фудбалер на Ренова и Шкендија е првиот македонски фудбалер кој беше позитивен на Ковид-19.

Денеска стигнаа новите резултати, Емини е негативен на коронавирусот, тој експресно го победи вирусот и ќе мже да се врати во тренажен процес.

Емини на социјалните мрежи ја потврди радосната вест.

„Пред два дена направив уште еден тест кој се покажа дека е негативен. Ви благодарам уште еднаш на сите за поддршката и бог да ве чува“ –  напиша Емини на фејсбук.