Австралискиот судија Џаред Џилет ќе ја дели правдата во натпревар од Премиер лигата.

Така, тој ќе стане првиот судија надвор од Обединетото кралство кој ќе биде главниот судија во еден натпревар од Премиер лигата.

Џилет ќе го суди натпреварот помеѓу Ватфорд и Њукасл.

Натпреварот е закажан за в сабота во 16 часот.

Австралиецот има 35 години и претходно судеше во пониските лиги на Англија.