Јулијан Нагелсман е нов тренер на Баерн Минхен, а во своето прво обраќање по официјалната потврда дека го презема германскиот великан, истакна дека тоа остварување на неговата желба.

Перспективниот германски тренер со само 33 години добива шанса да седне на клупата на баварскиот гигант. Тој ќе го замени Ханси Флик.

„Отсекогаш сакав да дојдам во Баерн, тоа е единствена прилика за мене“– кажа Нагелсман.

Се очекува на клупата на Лајпциг од први јули да го наследи Хесе Марш, а на листата кандидати е и Ерик Тен Хаг. Ханси Флик пак по Европското првенство најверојатно ќе седне на клупата на германската репрезентација.