Барселона и Реал Мадрид во новата сезона од Ла лига за прв пат ќе се судрат во планетарно познатото „Ел Класико“ во попладневен теремин од 13 часот.

Медиумите од Шпанија тврдат дека ова е договорена работа и наскоро сето ова и официјално ќе биде потврдено. Терминот кој не е посакуван за ТВ куќите во Европа е избран поради барањата на телевизиите од Кина на кои им одговара дербито да се игра што порано.

Влијанието на парите од Далечниот Исток но и од Азија за ТВ правата си го прават своето па терминот за соочувањето на Барселона и на Реал Мадрид на 26 октовмри не треба да преставува изненадување за љубителите на ова дерби.