Ако Барселона сака да го врати Нејмар ова лето на „Камп Ноу“ ќе мора да плати 175 милиони евра, пренесува каталонски „Спорт“.

Управата на ПСЖ ја одредила цената па сите заинтересирани за Нејмар ќе мора да го испочитуваат единствениот услов – 175 милиони евра.

За Нејмар, покрај Барселона интерес има и од Реал Мадрид но сумата која ја бара ПСЖ за Бразилецот во моментов изгледа преголема за двата заинтересирани клубови.