Нејмар може да си замине од ПСЖ само доколку се најде клуб кој ќе плати 190 милиони евра, ова е одлуката на раководството на првакот на Франција.

Бразилецот не крие дека сака да се врати во Барселона но за ова да се реализира неговиот поранешен тим ќе мора наеднаш да ја плати сумата која е за 32 милиони евра помала од таа која ја заработи со неговата продажба пред две години.

Понудите од Барселона во која се вклучени фудбалери и пари не се повеќе во игра што е лоша вест за управата на каталонците кои се надеваа дека со Кутињо и Семедо плус 90 милиони евра ќе дојдат до Нејмар.