Играчот од средниот ред на ПСЖ, Јулијан Дракслер, ова лето сигурно ќе го напушти клубот.

Овој 26-годишен Германец веќе не му е потребен на „Парижаните“, кои дури ја објавија и цената – 30 милиони евра, пишува RMC.

За овој фудбалер во јануарскиот преоден рок се интересираше Лион, но раководството на ПСЖ одби да го продаде на друг француски клуб.

Во тековната сезона Дракслер има две асистенции на 8 одиграни средби во Лига 1.