Според ексклузивните информации на ESPN, раководството на ПСЖ е подготвено ова лето да се раздели со својот напаѓач Нејмар.

Според овој извор цената за Бразилецот би била 150 милиони евра. За Нејмар е заинтересирана Барселона, но ПСЖ ќе настојува на брза продажба, за да ја избегне ситуацијата од минатото лето кога разговорите за заминувањето на Нејмар траеа со месеци.

Во исто време, тврди изворот, раководството на ПСЖ одбива секаква дискусија за продажба на вториот напаѓач, младиот Килиан Мбапе, со кого се надева дека наскоро ќе го продолжи договорот. За Мбапе најзаинтересиран е Реал.