Управата на ПСЖ веќе ги започнала преговорите со Масимилиано Алегри за негов ангажман на кормилото на првакот на Франција.

Со ова од ПСЖ испратиле сериозен сигнал до ривалите од Европа дека следната сезона имаат сериозни планови за трофејот од Лигата на шампионите на УЕФА. Алегри го побарал Пјаниќ од Јувенутс како прво засилување, плејмејкерот за кој има сериозен интерес од Барселона.

Јувентус и Барселона повеќе време преговараат за можна трапмпа која би го вклучила Пјаниќ но понудата од ПСЖ е Верати. Ова може да ги промени позициите и плановите на „Старата Дама“ што воедно може да биде големо разочарување за Барселона.