Упрвата на ПСЖ е подготвена да преговара со Интер за ноов договор во однос на позајмицата на Мауро Икарди.

Напаѓачот има откупна клаузула од 65 милиони евра, ПСЖ може да го откупи ова лето под оваа цена, но планот на првакот на Франција е поинаков. Наместо перманентен транфер ова лето, Икарди да остане уште една година позајмен во ПСЖ а во договорот да биде вметната откупна клаузула од 45 милиони евра.

Планот на Интер е да заработи од продажба на Икарди ова лето, за репрезентативецот на Аргентина интерес има од повеќе тимови како што се Јувенутс, Наполи и Челси.

Икарди неодамна изјави дека е среќен во ПСЖ па поради ова можна е нова соработка меѓу Интер и првакот во Лига 1.