ПСЖ испрати понуда од 60 милиони евра за напаѓачот на Интер, Мауро Икарди кој сезонава настапуваше за Францускиот гигант како позајмен фудбалер. Тој оваа година постигна 20 гола на 31 натпревар во сите конкуренции.

Италјанскиот новинар, Фабрицио Романо, за Sky Sport Italia тврди дека Французите би сакале да го купат Аргентинецот, но не и за опцијата од 70 милиони евра како што претходно беше договорено. Наместо тоа, тие понудиле  50 милиони евра пред, плус  10 милиони евра од бонуси.

ПСЖ до 31 мај има опција да го купи 26-годишникот за 70 милиони евра, но Романо уверува дека разговорите меѓу нив и Интер започнале.