Веќе се е јасно. Герет Бејл ќе го напушти Реал Мадрид. Велшанецот не е во плановите на Зинедин Зидан кој јавно изјави дека велшкиот репрезентативец ќе биде продаден во најбрз можен рок.
И покрај тоа што постои интерес од некои европски гиганти, најголем проблем е неговата голема плата.
Познатиот спортски новинар Мигуел Дилејни од англискиот “Интепендиенте” откри дека ПСЖ посакува да направи сензационална трампа помеѓу Нејмар и Бејл. Извори блиски на Бразилецот велат дека потенцијална замена меѓу двајцата фудбалери е најреалното решение.
Дилејни пишува дека ПСЖ веќе се обидел да го замени Нејмар за Погба, но тимот на Манчестер Јунајтед ја одбил понудата на францускиот тим.
Be the first to write a comment.