Најскапиот фудбалер во историјата, Нејмар сеуште притиска за да го промени клубот ова лето а медиумите од Франција тврдат дека ПСЖ има ново решение за ситуацијата откако јасно стана дека никој нема да плати веднаш 250 милиони евра.

Јувентус, Реал Мадрид и Барселона се во игра за потписот на напаѓачот а неговиот клуб има нов план за преговори.

Нејмар може да замине и како позајмен играч но во договорот да стои клаузула според која екипата која ќе го добие напаѓачот на ПСЖ да му исплати од 220 до 250 милиони евра на три рати.

Дополнително новиот клуб на Нејмар ќе треба во целост да ја исплаќа платата на играчот со што ПСЖ нема да има никакви обврски кон напаѓачот.