Во ПСЖ не се загрижени, но се чини дека навивачите на „светците“ не мислат така, Лионел Меси веројатно нема да настапи за екипата втор меч во низа.

Меси не играше против Мец во средата, а според последните информации нема да настапи и против Монпелје во сабота од 21 часот.

Аргентинецот го повреди коленото на натпреварот во Лион, беше заменет, а сега под знак на прашање е неговиот настап и против Монпелје.

Во ПСЖ најверојатно нема да ризикуваат, ќе го „одморат“ Меси и овој викенд.