Нејмар е далеку од Барселона во овој момент. Понудата е одбиена, а договорот е многу далеку.

Според информациите кои доаѓаат од Шпанија, Барселона го проценува Нејмар на 160 милиони евра и сака да го позајми со обврска за отплата во наредните две години.

Ваквата испратена понуда, била одбиена. Имено, ПСЖ бара 100 милиони,  Дембеле и Семедо што во овој момент е невозможно бидејќи Барса смета на овие фудбалери, а ниту тие не сакаат да одат во Париз.

ПСЖ бара пари за да донесе замена, преговара со менаџерите на Дибала, а се отвора можноста Нејмар да биде понуден на Реал Мадрид или Јувентус.

Барселона започна нови преговори со Јувентус околу можноста да купи еден од напаѓачите на „Старата Дама, што може да значи дека се откажува од Нејмар.