Возможно е ПСЖ да побара одлагање на реванш-средбата со Борусија во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Како што вчера соопшти Canal Plus France, оваа средба можеби ќе се игра без присуство на публика, со оглед на тоа што во Франција бројот на заболени од коронавирус ја надмина бројката од 100 луѓе. ПСЖ веќе забрани фудбалерите да се ракуваат меѓусебно, а го забрани и давањето на изјави во микс-зоната.

Во врска со тоа, дефанзивецот на ПСЖ, Маркињос, навести и дека ПСЖ можеби ќе побара и одложување на овој натпревар.

Сакаме да бидеме со своите навивачи, а сигурно истото го сака и Борусија. Се надевам дека нема да дојде до тоа да се бара да играме пред празни трибини, но ако тоа се случи, ќе побараме одложување на средбата, која ќе ја одиграме кога ќе се смири ситуацијата“, изјави тој за Goal.

Средбата меѓу ПСЖ и Борусија треба да се одигра на 11 март во Париз. Првиот натпревар заврши со минимално победа на Борусија, 2:1.