Управата на ПСЖ не сака да има фудбалери во тимот кои се поврзуваат со најразлични сканадали, особено не со такви кои секојдневно се на насловните страници на „жолтиот печат“ во Франција.

Напаѓачот Хесе ќе биде избркан од клубот и во јануари и покрај тоа што има договор до јуни 2021 година.

Хесе неодамна ја изневерувал неговата девојка, Аура Руиз со поранешна тв водителка, Росио Амар а потоа во јавноста се појавија и разговори преку  пораки на социјалните мрежи.

Напаѓачот ова го демантираше но од ПСЖ сакаат да се ослободат од контроверзниот напаѓач кој не одигра ништо посебно во Франција.