Според информациите на АЅ, ПСЖ подготвува понуда до Килиан Мбапе, која тој тешко ќе може да ја одбие.

Според овој извор, францускиот клуб ќе му предложи на својот напаѓач нов договор, со плата од неверојатни 50 милиони евра годишно, колку што во Европа зема само Меси.

Сегашните примања на Мбапе се на висина од 15 милиони евра годишно, а неговиот договор со ПСЖ важи до лето 2022 година.

Според достапните информации, претседателот на Реал, Флорентино Перес, е многу заинтересиран за купувањето на Мбапе и има намера тоа да го направи во лето 2021 година, на една година од завршувањето на договорот на Мбапе со ПСЖ. Истата тактика Реал ја спроведе при купувањето на Еден Азар од Челзи.

Мбапе сезонава одигра 18 натпревари за ПСЖ во Лига 1 и постигна 15 гола, а имаше и 5 асистенции.