Нејмар побара а ПСЖ веќе работи на тоа, Меси во јануари доаѓа во Париз и ќе остане во Франција, ова го пишуваат таблоидите од Англија.

ПСЖ сака да ги обедини Нејмар-Меси и Мбапе, никој во клубот нема дилеми дека тоа е неостварливо, Аргентинецот во јанури ќе заврши во редовите на шампионот на Франција.

Меси следното лето е слободен играч, Нејмар по мечот со Јунајтед посака еден ден да игра повторно со Аргентинецот во иста екипа, сега од Англија тврдат дека тој ќе потпише за ПСЖ.

Се ќе биде познато кон крајот на декември, тогаш ќе завршат претседателските избори во Барселона, но гигантот од Шпанија има сериозни финансиски проблеми, мора да продава, а најскап играч е Меси, од него може да заработи најмногу, тоа е шансата на ПСЖ, тврдат медиумите во Англија.