Преговорите се започнати, управата на ПСЖ верува дека Мбапе ќе се согласи да потпише нов договор и со тоа ќе стави крај на сите шпекулации кои го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид и во Ливерпул.

ПСЖ е подготвен да му ја израмни платата на Мбапе, односно Французинот да заработува по 600 000 евра неделно, што е безмалку двојно поголема плата од таа што ја зема во моментов.

Мбапе има договор со ПСЖ до јуни 2022 година, ако се согласи на продолжување на договорот, новиот ќе важи до јуни 2026 година, пренесува Л`Екип.