Управата на ПСЖ допрва ќе стапи во контакт со таа на Манчестер Јунајтед околу можноста да го ангажира Пол Погба во летниот преоден рок.

Како што пренесува „Мирор“, ПСЖ прво мора да продаде неколкумина играчи за да дојде во позиција да не го прекршува финансискиот фер плеј, а потоа да достави и понуда до Јунајтед од 60 милиони евра за Погба.

Французинот засега не демантира дека ќе го напушти Јунајтед иако според Солскјер тој е во неговите планови за новата сезона.

Погба има договор со Јунајтед до јуни 2022 година.