Медиумите од Франција сугерираат дека ПСЖ му поставил рок на Нејмар по кој нема „назад“, решение за комплицираната ситуација  мора да има и за тоа има определен временски интервал.

Францускиот шампион му даде до знаење на Нејмар дека до 31 јули мора се знае неговата конечна ситуација, доколку не се најде клуб кој ќе ги исполни условите кои ги бараат раководните луѓе на ПСЖ, тогаш тој останува играч на оваа екипа до крајот на тековната сезона.

ПСЖ  бара над 230 милиони евра за Нејмар, Барселона е очајна да го види во своите редови, ниди милиони, играчи и тоа по избор но засега не  и потребните финансии.

На потег се клубовите од Европа кои сакаат да го видат Нејмар во своите редови, покрај Барселона интерес покажаа, Реал Мадрид  и Јувентус, засега епилог нема, останува малку време според рокот на ПСЖ.