Откако стана јасно дека Малком нема иднина во Барселона по само една сезона мината на „Камп Ноу“, бразилецот влезе во нотесите на неколку европски гиганти.

Арсенал прв пројави интерес за купување на Малком но тој не е едиснтвениот кој посакува во своите редови да го донесе поранешниот крилен напаѓач на Бордо.

Француски ПСЖ ги остварил првите контакти со агентот на Малком и со ова официјално се вклучил во трката за потписот на играчот кој требаше да биде прва замена на Кутињо.

Барселона го донесе Малком минтата сезона за 40 милиони евра а се верува дека ова лето ќе го продаде на тимот кој ќе понуди најмалку 65 милиони евра.