Францускиот шампион ПСЖ има желба во своите редови да го види фудбалерот на Лацио и српски репрезентативец Сергеј Миленковиќ -Савиќ.

Според француските медиуми „светците“ испратиле понуда од 60.милиони евра за Србинот, кој изминатата година беше главна трансфер цел на Манчестер Јунајтед.

Прашање е дали оваа сума ќе биде доволна да го убеди Клаудио Лотито конечно да го пушти репрезентативецот на Србија.

Во изминатиот период контраверзниот Лотито изјави дека под 100.милиони евра нема шанса да го продаде популарниот СМС.