Управата на ПСЖ е уверена дека со ангажманот на тренерот на Лацио, Симоне Инзаги и со купувањето на двоецот на лацијалите, Сергеј Милинковиќ Савиќ и на Адам Марушиќ ќе го решат проблемот со резултатите во Лигата на шампионите за следната сезона.

Ова го пренесува „Л`Екип“ откако директорот на ПСЖ, Леонардо бил импресиониран од работата на Инзаги оваа година во Лацио особено поради шансите кои им ги дава на младите играчи.

Лацио има реални шанси за титулата во Серија А, Инзаги конкурира за тренер на годината во Италија а интересот за Савиќ од останатите клубови полека го снемува. ПСЖ е подготвена да потроши околу 100 милиони евра на Милинковиќ Савиќ и на Марушиќ а на Инзаги да му понуди петгодишен договор.

Моменталниот тренер на ПСЖ, Тухел ја загубил довербата од управата по поразот од Борусија Дортмунд во воведниот натпревар од осминафиналната рунда во ЛШ и наскоро ќе добие отказ.