ПСЖ сака да го донесе Дибала во Франција, според медиумите во Италија испратена е понуда од 70 милиони за Аргентинецот на адреса на Јувентус.

Дибала одби да замине во Јунајтед, сака да остане во Јувентус но се чини клубот има други планови. Засега најзагреан за него е ПСЖ кој понуди сума која не се одбива, сепак се прашува и Аргентинецот за овој трансфер.

Големата плата му „тежи“ на Јувентус кој сака да се ослободи од Дибала, засега нивниот напаѓач не сака да го напушти Торино, но од Јувентус  сега  се убедени дека ќе ја прифати понудата од ПСЖ кој му нуди двоцифрена милионска годишна плата на Аргентинецот.