Летниот реоден рок во фудбалска Европа допрва ќе носи „потреси“ и рушење на клупски но и на светски рекорди.

„Газета Дело Спорт“ тврди дека плејмејкерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ ова лето ќе го засили ПСЖ. Парижаните се подготвени за Савиќ да потрошат 75 милиони евра со дополни пет милиони во бонуси.

Неофицијално Савиќ ќе добие петгодишен договор и треба да биде најзвучното засилување на ПСЖ во средниот ред овој преоден рок. Наскоро од тимот ќе си замине Нејмар кој сака да се врати во Барселона.