Италијански „Калчомеркато“ тврди дека дел најбогатите клубови во Европа сериозно го следат развојот на Елиф Елмас и можно е во летниот преоден рок нашиот репрезентативец да добие шанса да премине во ПСЖ, Реал Мадрид или во Барселона.

Елмас одлично се вклупо по трансферот во Наполи, а полека но сигурно станува незаменлив и во составот на Ангеловски. Оние два гола против Словенија го издигнаа 20 годишнио креативец кој во репрезентацијата на Македонија добива улога и на напаѓач.

Карло Анчелоти во Елмас гледа стандарден првотимец во тимот на Наполи, а со оглед на најавата дека Руиз во јануарскиот преоден рок можно е да се пресели во Шпанија, ќе биде премногу за „наполитанците“ да останат без двајцата перспективни креативци во една година.

Наполи и Елмас во сабота од 18 часот ја пречекуваат Верона во 8 коло од Серија А. Во моментов тимот на Анчелоти е на четвртото место на табелата со шест бода помалку од лидерот Јувентус.