Крилниот напаѓач на Челси, Вилиан ова лето ќе има шанса да бира помеѓу многу тимови за тоа каде да ја продолжи кариерата.

Бразилецот бара клуб кој ќе му гарантира првотимски статус, три годишен договор и шанса за трофеи. Откако Тотенхем, Њукасл и Арсенал веќе ги испратија своите првични понуди во трката се приклучил и ПСЖ, пренесуваат медиумите од Франција.

Вилиан одби нов договор, одлучи да го напушти Челси ова лето но прашањето е во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.