Голманот на Шефилд Јунајтед, Дин Хендерсон, чии права му припаѓаат на Манчестер Јунајтед, е цел на повеќе топ клубови.

Веднаш по Челзи и Тотенхем, за овој 22-годишен голман се заинтересира и ПСЖ, кој ќе се обиде да го купи во летниот преоден рок.

Но, секако дека треба да се праша и Манчестер Јунајтед, кој токму во Хендерсон го гледа наследникот на Давид де Геа.

Хендерсон веќе втора сезона настапува во Шефилд Јунајтед, како позајмен фудбалер.