Екипата на ПСЖ за нешто помалку од еден час ке се сретне со екипата на Клуб Бриж во рамките на првото коло во Лигата на Шампионите.

Парижаните се упорни во намерата да ја освојат ЛШ а оваа сезона со Меси во тимот шансите им се доста големи.

Уште на стартот ПСЖ најавува пеколно трио за првиот меч , што значи цврсто се решени да атакуваат на титулата.

Парижаните важат за едни од фаворитите за ова натпреварување затоа што располагаат со пеколен состав. Вицешампионите на Франција ќе стартуваат со страшното трио Меси, Нејмар, Мбапе.

КЛУБ БРИЖ: Мињоле, Собол, Балант, Нсоки, Хендри, Ланг, Сова, Банекен, Рит, Клинто Мата, Де Келаере.

ПСЖ: Навас, Хакими, Кимпембе, Маркињос, Мбапе, Паредес, Нејмар, Вајналдум, Херера, Диало, Меси.