Јувентус и Барселона подолго време преговараат околу трампата на играчи според која Пјаниќ треба да заврши на „Камп Ноу“ а во Торино да пристигне Семедо.

Сепак откако работите не излегоа според планот а во Барселона да го понудат и Артур Мело кој одбива преселба во Италија, ПСЖ одлучил дека е време да реагира. Францускиот шампион верува дека може да го убеди Пјаниќ да ја прифати нивната понуда. Плејмејкерот е во Јувентус од 2016 година, предходно се прослави во дресот на Рома.

Неодамна имаше најави дека размената меѓу Јувентус и Барселона ќе биде наскоро потврдена, но во „Старата Дама“ се предомислиле околу онаа неверојатна понуда: Пјаниќ, Де Шиљо и 22 милиони евра за Семедо.