Шпанските гиганти и вечни ривали од Мадрид и Барселона најдоцна до полноќ имаат можност да ја достават последната понуда до ПСЖ околу можноста да преговараат со Нејмар за евентуален транфер на Пириниети.

Нејмар во неколку наврати им најавил на челниците на првакот на Франција дека посакува да го напушти клубот но засега нема екипата која ги исполнува барањата на ПСЖ за негова продажба.

Од ПСЖ сакаат 250 милиони евра но расположени се за исплата на неколку рати а можно е во зделката да биде  вклучен и некој играч.

Реал Мадрид ги понуди Герет Бејл, Хамес Родригез и Јовиќ плус 80 милиони евра за Нејмар додека Барселона беше подготвена за позајмица со клаузула за целосен откуп на договорот следното лето но не по цената која ја бара ПСЖ.

Последен проблем за Нејмар е неговата хронична повреда на стапалото поради која клубовите кои се заинтересирани за него, меѓу кои е и Јувентус, не се подготвени во целост да ги исполнат барањата на ПСЖ.