Управата на ПСЖ по барање на Томас Тухел започнала неофицијални преговори со агентот на Тимоти Кастањ за евентуален трансфер во Париз.

Според медиумите од Италија, крилниот бек има понуди и од Лестер и Херта но онаа на ПСЖ е во прв план.

Одличната игра оваа сезона во Серија А но и во Лигата на шампионите, значи дека дел од играчите на Аталанта ова лето ќе бидат трансфер цел на повеќе моќни тимови од Европа.

Аталанта за Кастањ бара 20 милиони евра, а го купи за 6,5 милиони евра во 2017 година од Генк.