Францускиот шампион, ПСЖ веќе се подготвува за „живот“ без Мбапе откако се погласни се шпекулациите дека напаѓачот посакува следното лето да премине во Реал Мадрид.

Изборот паднал на Антоан Гризман од Барселона. Летово имаше преговори меѓу Барса и ПСЖ за транферот на Нејмар но откако пропаднаа сите обиди на каталонците, Нејмар остана во Франција.

Следното лето најверојатно ПСЖ ќе се бори за иднината на Мбапе и поради можноста да го загуби, планира да започне предвремени преговори со Барселона за евентуално откупување на договорот со Гризман.

Управата на „Каталоцните“ не е задоволна тоа што го прикажува Гризман во нивниот тим и нема да биде изненадување ако се согласи да го продаде во Париз.