Играчот на ПСЖ, Килијан Мбапе може да го пропушти реваншот од полуфиналниот натпревар во Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Мбапе има повреда на мускулот на десната нога и нема да биде во првенствениот натпревар против Ленс.

Килијан Мбапе има мускулни проблеми. Се надевам дека не е ништо сериозно и тој ќе биде со нас што е можно поскоро“, изјави тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино.

Покетино не сакаше да зборува премногу околу останување на Мбапе во Париз и околу неговиот трансфер во Реал Мадрид.

„Прашање е за Килијан, не за мене. Тој има уште една година договор и јас и клубот правиме сè за да го задржиме во клубот долго време. Знам дека тој е среќен тука“, рече Покетино.

Доколку Мбапе го пропушти реваншот во Манчестер , тоа би било голем удар за ПСЖ кој ќе брка негатива од еден гол разлика, бидејќи во првиот меч беше поразен во Париз со 1-2

Мбапе оваа сезона игра во беспрекорна форма  одигра вкупно 43 натпревари и има учинок од 37 погодоци и 10 асистенции.