Фудбалерите на ПСЖ се подготвуваат за дербито на 12-тото коло во Лига 1, каде во петок на домашен терен го дочекуваат актуелниот првак Лил.

Оваа сезона, барем засега разликата меѓу овие два тима е голема, затоа што ПСЖ е водечки на табелата, додека Лил е на 10-тата позиција. Но, овој натпревар би можел да биде комплициран за тимот од Париз, со оглед на проблемите кои ги имаат со играчкиот кадар.

Имено, за овој меч сигурно веќе отпадна Килијан Мбапе, кој има инфекција на увото, грлото и носот. Според информациите од клубот, Мбапе на тренинзите ќе се врати следната недела, а во четврток со тимот не тренираше ниту Лионел Меси. Аргентинецот има проблем со болки во мускулот и неговиот настап против Лил е под знак прашалник.

„Поради внимателност одлучивме да не тренира. Ќе игра Меси против Лил, не знаеме, за тоа ќе одлучиме на денот на мечот“– изјави тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино.

Да потсетиме под претходно е познато дека ПСЖ четири недели ќе биде без Марко Верати.