Долгогодишниот капитен на Барселона, Карлес Пујол по неколку години откако се повлече од активното играње фудбал реши јавно да проговори за можнистите кои ги имал поврзани со трансфер во Реал Мадрид во минатото.

„Реал Мадрид го назначи Камачо за нов тренер а тој сакаше да ме ангажира мене и Роналдињо. Тие два пати пробаа да ме купат но јас бев во најдобриот клуб во светот и сакав со Барса да освојувам титули па решив да останам“ – изјави Пујол.

Пујол целата кариерата ја помина на „Камп Ноу“ а понудите за преселба во Мадрид биле во 2001 и во 2004 година.