Карлес Пујол се враќа во Барселона на позицијата спортски директор, ова го тврдат медиумите од Шпанија. Барселона ја враќа легендата активно во клубот.

Пујол е легенда на Барселона, за овој клуб играше 15 години, од 1999 до 2014 година и во најголемиот дел од кариерата ја носеше капитенската лента.

Целата своја кариера ја мина во Барселона со која освои се што можеше да се освои. Поради статусот во клубот му е понудено место, спортски директор кое се очекува да го прифати.

Оваа функција ја крои спортската „политика“ на клубот.