Интер оваа зима очекува понуди од заинтересираните клубови за Кристијан Ериксен. Тренерот на Интер, Антонио Конте и покрај тоа што неколку пати изјави дека верува во квалитетите на поранешниот играч на Тотенхем сепак работите драстично се промениле.

Според последните најави од Италија, Конте бил разпочаран од однесувањето на Ериксен во последните две недели и решил дека нема повеќе време за да го чека Данецот да влезе во форма.

За Ериксен интерес има од ПСЖ и од Манчестер Сити а во игра е и Евертон.