На 10-ти идниот месец, македонската фудбалска репрезентација во Скопје ја пречекува селекцијата на Словенија.

ФФМ објави дека влезниците од денес се пуштени во продажба за овој натпревар со кој македонската селекција ги продолжува Европските квалификации за пласман на ЕУРО 2020.

Влезници ќе можат да се купат на посебен пулт на ФФМ во Skopje City Mall и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“.

Цената на влезниците изнесува од 50 до 200 денари. Билет од 50 денари ќе се продава за западната трибина, додека 150 и 200 денари ќе чинат влезниците на јужна и северна трибина од Националната арена „Тодор Проески“.

„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за пламан на ЕУРО 2020. Верните навивачи на нашата најдобра репрезентација, од понеделник, 23. септември, ќе можат да купат билет за натпреварот против Словенија преку продажната мрежа на MKTickets.“ – соопштија од ФФМ.