Плејмејкерот на ПСЖ, Адриен Рабио кариерата ќе ја продолжи во Италија. Понудите од Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Арсенал не се во комбинација затоа што репрезентатиевецот на Франција му кажал да на Јувентус.

Рабио заминува од ПСЖ како слободен играч а со Јувентус ќе потпише петгодишен договор со плата од 7 милиони евра по сезона плус бонуси.

„Морам да размилам за се, точно е дека Јувентус е одличен тим во кој секој добар фудбалер сака да игра. Имам и понуда од Англија, од Јунајтед и морам добро да размилам“ – изјави Рабио кој најверојатно веќе ја прифатил понудата од Старата Дама според медиумите од Англија и Италија.

Со ова засилување екипата на Јувентус добива на добра ротација во средниот ред па следната аквивизиција најверојатно ќе биде во напаѓачката линија.