Сагата околу фудбалерот на ПСЖ Адриен Рабио конечно завршува и тој ќе се пресели во редовите на италијанскиот шампион Јувентус.

Рабио од Јувентус ќе добие договор на пет години и плата од седум милиони евра.
Освен тие 35 милиони евра кој ќе ги добие Рабио за договорот, ќе му бидат исплатени дополнителни десет како бонус за потписот.

Јувентус ќе плати 20 милиони евра веднаш на францускиот фудбалер, а ако тука се додатат и тие 35 милиони евра од платата се доаѓа до заклучок дека Рабио Јувентус ќе го чини 55 милиони евра.