Комплетирајќи го ростерот за новата натпреварувачка сезона, ФК Работнички се засили и со централниот дефанзивец од Србија, Марко Клисура.

26-годишниот Клисура со „романтичарите“ се договори на едногодишна соработка, во желбата за дополнително засилување на конкуренцијата во одбранбените редови.

Последен негов клуб е Мумбаи сити од Индија, а претходно настапуваше и за ФК Букхара во шампионатот на Узбекистан. Претходно во својата кариера има настапувано и за српските суперлигаши Спартак Суботица и Нови Пазар, како и за Бачка и Младеновац.