Во третата контролна средба од подготовките во Банско, фудбалскиот тим на скопски Работнички денеска во го доживеа и првиот пораз во подготвителниот период.

Бугарскиот второлигаш Септември Софија со 3:1 го победи тимот македонскиот тим. Голот за Работнички го постигна Лука Станковски.

Тренерот Александар Влахо го започна натпреварот со следниот состав: Јанков, Велковски, Борха, Боцевски, Тодоровски, Лазаров, Ацковски, Л. Станковски, Фазлиу, Паповиќ, М. Станковски.

До крајот на подготовките во Банско, „романтичарите“ се сретнат уште со Алтин Асир, меч кој се игра утре.