Работнички се подгтовува во Анталија, Турција, одигра пријателска средба со Томск од Русија, натпреварот заврши без победник и без голови.

„Во борбен натпревар без многу шанси, составот на Ратко Достаниќ прикажа квалитетна игра, но не успеа да пронајде пат до противничката мрежа. Може да радува играта во дефанзива, но до крајот на подготовките ќе треба да се посвети поголемо внимание и на реализацијата“ – се вели во информацијата на сајтот на клубот.

Работнички настапи со следниот состав:

Јанков, Силјановски, Трајковиќ, Велковски, Херера, Тодоровски, Петковски, Станковски, Шаркоски, Ломба, Тошевски. Во вториот дел шанса доби и новиот фудбалер Дин Аломеровиќ кој дебитираше во составот на Работнички.