Македонскиот фудбалски тим скопски Работнички победнички на подготовките во Банско (Бугарија), денеска во првиот натпревар славеа со 1-0 против израелски Хапоел Рамат Хишарон.

„Романтичарите“ до победата дојдоа по погодокот на Марио Станковски , а асистенција на Јаго по еден час игра.

Следниот пријателски меч на Работнички на овие подготовки повторно е против израелски тим и тоа против Хапоел Рамат Ган во среда со почеток од 18.30 часот.