Фудбалскиот клуб Работнички одигра без победник 2-2 против израелскиот Хапоел Рамат Ган во вториот контролен натпревар на подготовките во Банско ,Бугарија.

Македонскиот прволигаш во првиот дел ги постигна двата гола преку Марковиќ, односно го доби тој дел од играта со 2-1.Во вториот дел Израелците изедначија на 2-2.

Тренерот Александар Влахо на почетокот на мечот го изведе следниот состав: Шишковски, Илиќ, Клисура, Херера, Шаркоски, Стојков, Тодоровски, Фазлиу, Јаго, Марковиќ, Паповиќ. Во вториот дел добија шанса и останатите фудбалери.

Следниот предизвик за Работнички е дуелот со бугарскиот тим Септември кој ќе се игра во петок.